Трагедија: Почина бивш фудбалер на Јувентус на 32-годишна возраст!

Шпанските медиуми пишуваат дека починал поранешниот фудбалер Нико Идалго на 32-годишна возраст.

Фудбалерот, кој во кариерата ги носеше дресовите на Јувентус, Гранада, Кадиз и други тимови, починал од рак на белите дробови.

Нико замина во пензија во 2022 година, а последниот меч го одигра на 9 мај 2021 година.