
Миовски без муниција во ремито меѓу Жирона и Селта
Циганков беше стрелец на првиот гол за Жирона во 21. минута, меѓутоа Селта успеа да го возврати ударот во 36. минута и да внесе неизвесност во средбата.
Второто полувреме почна лошо за Миовски и соиграчите бидејќи Алонсо од пенал донесе предност за гостите (2-1).
Миовски играше до 68. минута кога беше заменет од Стуани, а во истата минута Ерера погоди за 2-2.
Жирона е во серија од четири меча без триумф и се наоѓа на 11. место во Ла Лига, додека Селта е на 10. позиција со 33 поени.