Македонија ЃП поразена во Прилеп, Каменица Саса ја „распарчи“ Брегалница

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров доживеаја неочекуван пораз на гостувањето кај Победа во Прилеп со 1-2, додека Каменица Саса немаше милост против Брегалница (4-0).

„Лавовите“ стигнаа до водство со голот на Ѓорѓи Дошев во 27. минута, но Победа во вториот дел го сврте мечот во своја корист со погодоците на Леонид Кофиловски и Филип Димоски.

Брегалница имаше катастрофално гостување кај Каменица Саса, која доминираше од почетокот и во првиот дел стрелаа Кристијан Таневски и Андреј Симевски. Потоа капитенот на тимот погоди и вторпат, а гостите од Штип примија и четврти гол до крајот на средбата.

Башкими ги искористи киксовите на првите две екипи на табелата, откако триумфира со 2-1 против Арсими.

Македонија ЃП е лидер со 41 бод по 18 одиграни кола, по што следи Башкими со 39, Брегалница има 37, а најдобрите три ги следат Арсими со 33 и Каменица Саса со 31 поен.

Резултати - 18. коло - Втора лига:

Каменица Саса – Брегалница 4-0
Победа – Македонија ЃП 2-1
Вардар Неготино – Скопје 2-0
Вардарски – Детонит Плачковица 1-4
Осогово – Кожув 0-0
Новаци – Борец 1-1
Башкими – Арсими 2-1