Леверкузен со убедлив триумф се враќа од Франкфурт! (ВИДЕО)

Актуелниот германски шампион, Баер Леверкузен со убедливи 4-1 победи на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Момците на Алонсо во првото полувреме за седум минути успеаа да постигнат три гола.

Тела погоди во 26. минута, три минути подоцна Мукиеле зголеми на 2-0, а Шик во 33. минута реализираше за 3-0.

Во 37. минута Екитике успеа да намали на 3-1.

За разлика од првото полувреме, во вториот дел беше постигнат само еден гол, во 62. минута Алеиш Гарсија ги постави конечните 4-1 за Леверкузен.