Антони беше прогласен за играч на мечот во своето деби за Бетис! (ВИДЕО)

Бетис одигра 2-2 против Атлетик Билбао во последниот денешен меч од Ла Лига, повеќе од успешно деби за клубот од Севиља имаше Антони.

Бразилецот кој во Бетис пристигна од Манчестер јунајтед, беше прогласен за играч на мечот. Тој како стартер го почна дуелот и на теренот се задржа до 72. минута.

Беше асистент за голот на Иско со кој Бетис поведе со 1-0. Вториот гол на Бетис беше дело на Перауд. Погодоците за Атлетик БИлбао ги постигнаа Паредес и Сансет.