Лејкерс го потврди ангажманот на Дончиќ: Да, навистина се случи! (ФОТО)
Информацијата за големиот трејд во кој Лука Дончиќ се сели во Лејкерс, а Ентони Дејвис оди во Далас ги шокираше буквално сите. Сега официјална потврда стигна и од двата клуба.
„Да, навистина се случи. Добредојде во Лос Анџелес, Лука“, стои во објавата на ЛА Лејкерс.
Претходно Далас го потврди доаѓањето на Ентони Дејвис.