Галевски: Дадовме сè од себе, од срце за Македонија

Еден од најталентираните македонски голман Иван Галевски го имаше своето деби на големите натпреварувања и тоа против Франција.

Импресиите кај него се фантастични и покрај убедливиот пораз од големиот фаворит, а нема сомнение дека во иднина ќе добива уште поголема минутажа.

„Денеска игравме против велесила како Франција, уживање е да се биде дел од ова првенство и репрезентацијата. Мене ми беше чест што бев дел од ова првенство и што ги добив првите минути. Мислам дека секој кој се занимава со ракомет од мали нозе, ова му е остварување на сонот. Го дадовме својот максимум, пред сè со срце со нашата Македонија, можеме да жалиме за бодот со Унгарија и Австрија, но што е, тука е, мислам дека по ова првенство ќе имаме искуство за следното првенство“, рече Галевски.