Чави се враќа на работа, добил повик од Италија!

Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона, Чави Ернандез наскоро би можел да се врати на работа, откако неодамна бил контактиран од Јувентус.

„Л’Екип“ објави дека Чави бил на разговор со управата на Јувентус, која го гледа како кандидат за замена на Тијаго Мота по разочарувачките резултати.

„Старата дама“ се наоѓа на петтата позиција со 16 бодови помалку од лидерот Наполи, а тоа го налути раководството на тимот.

Чави од минатото лето е без работа откако си замина од Барселона, со која претходно ја освои титулата во сезоната 2022/23.