Шпанија со Де Ла Фуенте и на Европското првенство во 2028

Фудбалскиот сојуз на Шпанија денеска го продолжи договорот со селекторот на машката репрезентација Луис Де Ла Фуенте на уште две години.

Со новиот договор значи дека во Шпанија сакаат Де Ла Фуенте да ги води и на Европското првенство во 2028 година.

„Де Ла Фуенте ќе ја предводи репрезентацијата до крајот на Европското првенство во Велика Британија и Ирска кое ќе се одржи во 2028 година“, соопштија од сојузот.

Претхониот договор на Де Ла Фуенте имаше важност до 2026 година, односно до завршувањето на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. 

На кормилото на Шпанија Де Ла Фуенте пристигна во декември 2022 година кога го наследи Луис Енрике кој доби отказ по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Пред да стане селектор на „А“ репрезентацијата, Де Ла Фуенте ја водеше селекцијата до 21 година и освои сребро на Олимписките игри во Токио во 2021 година.