Бундеслигата воведува ново правило кое веќе се применува во Премиер лигата

Германската Бундеслига од наредниот викенд ќе воведе големи промени кога во прашање се судиите и одлуките кои ги носат.

Имено, германскиот фудбалски сојуз донесе одлука од 20. коло во Бундеслигата да се воведе пилот проект според кој судиите ќе објаснуваат одредени свои одлуки.

Германците не се први кои воведуваат ваков начин на транспарентност на судиските одлуки, претходно тоа го направи и Англија.

Правилото ќе се применува секогаш кога судијата ќе биде повикан од ВАР собата самостојно да ја преглдa ситуацијата. Во тој момент судијата ќе ги извести гледачите за својата конечна одлука и ќе објасни зошто ја донел.

Со овој предлог се согласија девет клубови од прватаи  втората лига и веќе веднаш во колото кое следи ќе се употреби на нивните стадиони. Клубовите кои ја поддржаа ова одлука се: Баерн, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт, Фрајбург, Баер Леверкузен и Лајпциг од Бундеслигата, а Фортуна Дизелдорф, Гројтер Фурт и Занкт Паули од популарната Цвајт.