Екс-напаѓач на Јунајтед ја промени репрезентацијата!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и актуелна ѕвезда на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд во иднина ќе го носи дресот на Јамајка.

Британските медиуми објавија дека Гринвуд има право да настапи за Јамајка затоа што неговиот татко е роден во земјата.

Гринвуд ќе биде големо засилување за екипата на Стив Мекларен, откако во минатото ги помина младинските категории на Англија.