Денеска играјте за сите пари на Унгарија, Франција и нормално на - Македонија!
ТОНИ СТОЈАНОВСКИ
МАКЕДОНИЈА – КАТАР 1
Навивачка, но не и само навивачка прогноза. Македонија игра добар шампионат, со евидентен напредок во однос на претходните откако селектор е Кире Лазаров. Тоа треба да го крунисаме денеска против Катар кој остави одличен впечаток со Холандија. Долго водеше, а загуби со гол на Ферстејнен во последната секунда, па тоа треба да биде предупредување. Сепак, како и против Австрија, во „Арена Вараждин“ резултатот ќе зависи од нас и од тоа дали ние ќе бидеме физички подготвени да го издржиме петтиот настап на СП 2025. Во секој друг сегмент мислам дека ќе бидеме на ниво за да ја оствариме целта, а со тоа да го потврдиме досегашниот впечаток. На единствениот дуел со светскиот вице-првак од 2015-та, на Мундијалот две години пред тоа, триумфираше Македонија со 34-30. Нека биде така и денеска!
ДАНСКА – ШВАЈЦАРИЈА 2>1 (повеќе голови во второ полувреме)
Данците газат и тие се прашуваат за секој резултат во салата во Хернинг. Доколку сакаат, ќе продолжат да ги мелат противниците, но без оглед што досега не играа калкулантски, можеби денеска малку ќе подзастанат и нема да се трошат максимално. Затоа сметам дека во второто полувреме Швајцарија ќе има повеќе шанси да постигнува голови откако епилогот ќе биде познат. А веќе и е. Затоа сметам дека порамноправната дистрибуција на голови во второто полувреме ќе овозможи да се оствари предложениот тип.
УНГАРИЈА – АВСТРИЈА 1
Дури и без преголема анализа, може да се заклучи дека Унгарија е подобра репрезентација од Австрија. Во ракометот е тешко да се направи изненадување, а знаејќи и дека Унгарците ќе имаат поголема поддршка од трибините во Вараждин, мислам дека Австријците немаат шанси. Без влијателни три бека во нивниот состав, ќе немаат решение во нападот против грубата и стамена одбрана на Унгарија. Коефициентот не е преголем, но е доволен за солидно ливче во случај да се остварат другите две прогнози.
ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ
МАКЕДОНИЈА – КАТАР помалку од 30 гола прво полувреме
На четирите натпревари досега, Македонија во воведните минути играше во грч, но не дозволуваше противникот да се размавне. Тоа го очекувам и денеска против Катар, помалку ефикасно прво полувреме. Во воведните 30 минути единствено против Холандија беа вкупно постигнати 30 или повеќе голови. Вреди да се проба за „стотче“ и „нула во кец“ на оваа средба.
ХОЛАНДИЈА – ФРАНЦИЈА 2-2 и плус голови
Холандија е добра репрезентација, но само добра, Франција заедно со Данска се фаворити за златниот медал. „Триколорите“ не се испотија премногу со Катар, а и со „лалињата“, па не верувам дека ќе има потреба од форсирање на првиот тим во текот на сите 60 минути.
УНГАРИЈА – АВСТРИЈА 1
Унгарците оставија одличен впечаток на овој Мундијал, имаат одлична и гласна публика, но имаат и амбиција за четвртфинале. За тоа да го остварат денеска мора да ја победат Австрија која не делува како опасен тим, особено по повредите на неколкумина стандардни.
ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ
ХОЛАНДИЈА - ФРАНЦИЈА Т2 плус голови
Французите играат моќно и со леснотија и добра забава и уживање ги решетаа мрежите на ривалите. Холанѓаните со последниот удар во завршната секунда го решија Катар, но во вториот меѓусебен двобој со "триколорите", се освен пораз ќе биде големо изненадување. На ЕП 2022, Франција славеше со 34:24.
ДАНСКА - ШВАЈЦАРИЈА Т1 плус голови
И Данска како и Франција маршира на Мундијалот. Ако ѝ даде 40 гола на Германија во претходната рунда, не гледам зошто Швајцарија да куртули од полна мрежа. На последните два двобоја против Швајцарците во квалификациите за ЕП и на ЕП пред четири години, Данците триумфираа со 30-29 и 31-26.
УНГАРИЈА - АВСТРИЈА, 1 и плус голови
Треба да биде ова неизвесен натпревар на два изедначени ривала. Унгарија според претходните натпревари е за нијанса поквалитетен ривал и прогнозирам триумф со плус голови на избраниците на Чема Родригез. Границата за тоа е опасна но навивајте за голови. 59 имаше на нивниот последен меѓусебен дуел на ЕП лани во кој австро-унгарското дерби го доби Австрија но со Билик и Живковиќ во составот.