Ендрик се „заразил“ со видеоигра - дели автограми и не го пушта телефонот од раце (ВИДЕО)

Талентираниот бразилски фудбалер Ендрик се подготвува за продолжението од квалификациите за Светското првенство (СП) и мечот против Перу, а претходно делеше автограми на навивачите, но притоа играше видео-игра.

Ендрик делеше автограми, а во исто време не го испушташе телефонот од раце, односно беше активен на популарната игра „Клеш Ројал“.

Младиот фудбалер има договор со „кралевите“ до 2030 година и му се предвидува богата кариера поради големиот талент.