Двајца македонски фудбалери му ја кројат судбината на тренерот на Баерн Минхен!

Клупата на Томас Тухел почнува сериозно да се тресе по двата по ред порази на Баерн Минхен против Баер Леверкузен односно Лацио и тоа без постигна гол, поради што германскиот менаџер доби ултиматум од управата на клубот.

Тренерот на Баварците мора да ги добие следните три меча во Бундес лигата и да го елиминира Лацио од осминафиналето во Лигата на шампионите, ако сака да си задржи работата. Ова значи дека иднината на Тухел во Минхен директно зависи и до двајца македонски фудбалери, со оглед што Баерн утре ќе му гостува на Бохум на Агон Елези, а следниот викенд ќе го пречека Лајпциг на Елиф Елмас.

Потоа е гостувањето кај Фрајбург, за последниот тест за менаџерот на тимот од Минхен е реваншот на домашен терен против Лацио, закажан за 5 март.