Фудбалер на Севиља мета на разбојници: Се вратил дома и дочекал - хаос! (ВИДЕО)
Барс го носи дресот на Севиља, а во моментот на грабежот тој бил излезен на вечер со својата вереница. Вереницата на фудбалерот Јаз Џарег на социјалните мрежи објави и фотографија од хаосот кој го затекнале.
„Стигнавме дома и дочекавме ваква ситуација. Дојдовме во земјата полна соништа, а не сме во состојба да живееме мирно. Се е многу чудно, не можеш да и веруваш ниту на сопствената сенка“, стои во нејзината објава.
Во продолжение таа додаде и дека на снимката се гледаат две машки лица кои заминуваат дессетина минути пред нивното пристигнување.
Инаку, Барс е 20-годишен лев бек кој минатиот јануари премина од Бока во Брајтон за девет милиони евра, но премиерлигашот изминатото лето го позајми на Севиља која нема право на откуп. Сепак во Севиља не се наметна и досега собра осум настапи и во главно влегува од клупата за резерви.
[AHORA] "Yaz" Jaureguy, novia del "Colo" Barco, compartió imágenes del robo que sufrieron en su casa de España. https://t.co/1emTaiSGsc pic.twitter.com/FvgKwAtBgI
— ElCanciller.com (@elcancillercom) December 4, 2024