Аморим го чека многу работа: Арсенал го доби дербито против Јунајтед (ВИДЕО)

Арсенал вечерва го врати Манчестер јунајтед во реалноста, откако славеше со 2-0 во англиското дерби и му покажа на португалскиот тренер Рубен Аморим дека го чека уште многу работа во неговиот нов тим.

„Ѓаволите“ конечно влегоа во ритам под водство на Аморим и се надеваа дека ќе продолжат по тој пат, но на гостувањето на „Емирати“ примија два гола во вториот дел и си заминаа дома со празни раце.

Стрелецот на првиот гол за „топчиите“ беше Тимбер во 54. минута од средбата, додека Салиба ја запечати победата на Арсенал.

Арсенал во моментов се наоѓа на делба на втората позиција со Челси со по 28 бодови, додека „ѓаволите“ се на 11. место со 19 поени.

Вечерва до победа стигна и Астон вила, која на домашен терен славеше со 3-1 против Брентфорд.