Убедливи победи за Сити и Челси, Њукасл го запре Ливерпул (ВИДЕО)

Манчестер сити конечно ја прекина црната серија од четири порази, откако вечерва славеше против Нотингем Форест со 3-0, додека Њукасл ремизира против Ливерпул (3-3), а Челси со 5-1 го декласира Саутемптон во 14. коло од Премиерлигата,

„Граѓаните“ уште на стартот покажаа голема желба за победа и по само осум минути ја затресоа мрежата на ривалот преку Силва, а до крајот на првото полувреме стрелаше и Де Брајне. Третиот гол беше дело на Доку во 57. минута од средбата кога ги постави конечните 3-0.

Њукасл поведе против Ливерпул со голот на Исак во 35. минута од мечот, но на стартот на вториот дел Џонс израмни на 1-1.

Домаќините преку Гордон ја вратија предноста (2-1) во 62. минута, но потоа избраниците на Арне Слот со два погодоци на Салах го свртеа мечот во своја корист (3-2). Драмата продолжи до последните минути од средбата, кога Шар стрелаше за 3-3.

Челси имаше извонреден меч против Саутемптон, иако домаќинот даваше отпор, меѓутоа само до 11. минута од средбата. Головите во победата на „сините“ ги постигнаа Дисаси, Нкунку, Мадуеке, Палмер и Санчо, додека за „светците“ стрелаше Арибо.

Висока победа оствари и Евертон кој безмилосно со 4-0 го понижи Вулвс.