Лајпциг го елиминира Франкфурт во борбата за четвртфинале во Купот
Луис Опенда во 18. минута ја затресе мрежата на Франкфурт, но голот му беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд. Сепак, во продолжение од полувремето Шешко стрелаше за предност на домаќинот.
Опенда беше стрелец на останатите два гола за Лајпциг, и тоа во 49. и 58. минута за славје на Лајпциг од 3-0.