Пелистер ја суреди Висла и направи чекор кон осминафинале во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Пелистер славеше против Висла Плоцк со 21-18 и се врати во игра за осминафинале во Лигата на шампиони (ЛШ).

По израмнетиот почеток во Битола, Пелистер ја презема контролата врз мечот од средината на полувремето и замина на паузата со 12-10.

Предноста на битолчани продолжи да расте и до 17-12, по што Висла нападна со сите сили за да ја врати неизвесноста во дуелот, меѓутоа Пелистер успешно одговори на сите напади и славеше со 21-18.

Пелистер со оваа победа се искачи на шестата позиција во групата А со шест бодови по 10 одиграни кола, а зад него се Висла со четири и Фредериција со три поени.