Ѓоковиќ пред Австралија опен ќе ја нападне титулата која никогаш не ја освоил!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ неодамна најави дека во 2025 година ќе одигра повеќе турнири отколку во оваа што изминува кога главната цел му беа Олимписките игри.

Српскиот тенисер новата сезона ќе ја почне со турнирот во Бризбејн, тој никогаш претходно не го освоил. Само еднаш има настапено во Бризбејн, кога како прв носител во далечната 2009 година загуби од Ернес Гулбис уште во првото коло.

Турнирот во Бризбејн започнува на 30. декември и е еден од трите турнири кои се играат паралелно со Хонг Конг и Јунајтед купот.

На Јунајтед купот повремено настапуваше и Србија за која играше и Ѓоковиќ, но овојпат во консултација со неговиот нов тренер Едни Мареј, тој реши со самостоен турнир да се припреми за Австралија опен.