Елмас желба на Мурињо, Македонецот се враќа во Турција?
Елмас во овој момент е повреден, но и кога е подготвен речиси и да не игра во Лајпциг, па затоа наводно посакува промена на средината.
Во редовите на германскиот тим, Елмас пристигна минатата сезона за 24 милиони евра од Наполи и се очекува да игра повеќе отколку во Наполи, но место тоа се случи спротивната. За гермаснкиот тим сезонава Елмас запиша само шест настапи во кои собра 89 минути.
Фенербахче кој сега е предводен од Жозе Мурињо може да биде одлична опција за Елмас затоа што е и вистински миленик на навивачите, па целата таа позитивна атмосфера би можела добро да влијае врз него.
Според одредени медиуми и Наполи ја следи ситуацијата, но во овој момент Фенербахче се истакнува како фаворит. Договорот кој го има Елмас со Лајпциг е со важност до 2028 година.