Перо Антиќ закажа Собрание на КФМ за да објасни на што потрошил 2,1 милиони евра!
Точките на дневниот ред се тие што традиционално ги има на овој собир на клубовите, како што е усвојување на записниците на претходните две седници одржани во март односно во август, со тоа што втората беше на дописен начин со гласање преку мејл. Потоа ќе следува извештај за работата на Куќата на кошарката во изминативе веќе 365 дена, на која се очекува генералниот секретар, Владимир Георгиевски, да презентира што е направено.
Поголем интерес се очекува да побуди претпоследната точка на дневниот ред, а тоа е извештајот за финансиското работење на КФМ, во која се очекува образложение на што во изминатиов период од една година се потрошени 130 милиони денари односно 2,1 милиони евра, сума која е за 400.000 денари поголема од реализираните приходи во 2024 година.