Ремонт во Манчестер сити: Гвардиола ќе избрка четири ѕвезди

Манчестер сити се наоѓа во резултатска криза, а тоа го вклучи алармот кај управата која веќе размислува за ремонт на екипата во текот на следното лето.

На листата за „отстрел“ од клубот се четири фудбалери, кои беа важен дел од составот на Пеп Гвардиола, а тоа се Кевин Де Брајне, Едерсон, Џек Грилиш и Кајл Вокер.

Гвардиола ќе бара нови решенија на нивните позиции во текот на летото, со цел да го освежи составот и да внесе нова енергија во тимот, а веќе неколку имиња се на неговата листа со желби.

Искусниот стратег планира да ги ангажира Џамал Мусиала и Флоријан Вирц од Бундеслигата, а ќе тргне и по потписот на Родриго од Реал Мадрид.