Македонскиот прволигаш Пелистер загуби убедливо против Широки бријег (73-93) во петтото коло од групната фаза на АБА2-лигата, а тоа беше четврти пораз за екипата од Битола во регионалното натпреварување.

Пелистер даде голем отпор во првата четвртина, а имаше и предност, меѓутоа ситуацијата драстично се промени во вторите 10 минути кога Широки бријег создаде предност од +14 на полувремето (53-39).

Босанскиот тим продолжи да доминира и на стартот на вториот дел, каде што дополнително ја зголеми предноста на +24, по што Пелистер до крајот на мечот се трудеше да избегне уште поголема катастрофа (73-93).

Најефикасен во редовите на Широки бријег беше Дарко Планиниќ со 18 поени, четири скокови и две асистенции, додека кај Пелистер по 18 поени постигнаа Бојиќ и Едвардс.

Битолчани по пет одиграни кола се наоѓаат на последната позиција во групата Ц со шест бодови, додека пред нив се Широки бријег и Подгорица со по седум, а Џокер е лидер со 10 поени.