Драма во домот на најдобриот стрелец на ЕП: Крадци му се заканувале со оружје!
Грузиецот бил нападнат во неговиот дом од двајца машки лица кои му е заканиле со оружје, но на крајот за среќа Микаутадѕе не бил повреден.
Крадците од домот на фудбалерот одземале накит, часовници и други вредни работи. Според информациите фудбалерот на Лион претрпел штета од 250.000 евра. Полицијата пристигнала, но сторителите веќе заминале и тие во овој момент се во бегство.
Ќе потсетиме, Микаутадѕе пристигна во Лион за сума од 6.5 милиони евра во јули по импресивниот настап за Грузија на Европското првенство.