Париз и Шортс се во страшна серија, но се само на половина од рекордот во Евролигата

Кошаркарите на Париз предводени од македонскиот репрезентатитвец Ти-Џеј Шортс кој игра во ослична форма ги воодушевија сите со своите настапи во Евролигата

Актуелниот освојувач на Еврокупот влезе како аутсајдер во друштвото на најдобрите, но по 13 одиграни кола избраниците на тренерот Тијаго Сплитер се лидери со учинок од 10 победи и три порази.

Посебно импресивна е серијата од девет победи во низа, а вчера беа подобри од Макаби Тел Авив. Пред Шортс и друштвото пажаа: Монако, Алба, Баскоња, Партизан, Жалгирис, Барселона, Ефес, Виртус и Макаби.

Сепак, Париз е далеку од најдолагата низа победи во историјата на Евролигата. Овој рекорд и припаѓа на ЦСКА Москва од сезоната 2006/2007. Тогаш гигантот од Москва врза 18 победи во низа.

Но, треба да се каже дека форматот на натпреварувањето тогаш беше поинаков од денес. Учествуваа 24 екипо поделени во три почетни групи, а подоцна се формираа нови четири помеѓу најдобрите 16. Натпреварувањето завршуваше како и сега со фајнл-фор.