Кличко се враќа во рингот и ќе се бори против Фјури!?

Познатиот боксерски промотор од Саудиска Арабија, Турки Алалших сакал да му даде шанса на легендарниот Владимир Кличко да се врати во рингот и потоа да се тепа со Тајсон Фјури.

Светските медиуми шпекулираат дека 48-годишниот Кличко разговарал за враќање во рингот и сакал да се бори против Даниел Дубоа, но таа идеја пропаднала.

„Сонувам да го видам тој меч. Кличко да биде најстариот шампион во тешка категорија. Треба да му се даде шанса, тоа би било совршено“, кажа промоторот.

Претходната борба меѓу овие боксери заврши со победа на Фјури со судиска одлука по 12 рунди во рингот.