Флик: Мило ми е што конечно заврши ужасниот ноември!

Барселона конечно се врати на победнички патеки, откако славеше со 5-1 против Мајорка, а тренерот Ханси Флик беше среќен по триумфот на неговите избраници.

Каталонците немаа најдобри резултати во ноември, односно запишаа две победи и два порази, како и едно реми во Ла Лига.

Германецот кажа дека му е мило што конечно завршил ужасниот ноември и сега работите повторно ќе дојдат на свое место, односно се надева дека неговиот тим ќе продолжи да чекори кон титулата во првенството.

„Многу е важно да постигнуваме голови. Создаваме многу шанси, но не ги користиме. Мило ми е што тоа не се повтори со Мајорка и постигнавме пет гола. Мило ми е што конечно заврши ужасниот ноември и почна декември“, кажа Флик.