Уште една промена во Србија: Отказ доби и селекторот на ракометарките
Урош Бергар кој три години ја водеше репрезентацијата доби отказ по лошите резултати на Европското првенство каде запишаа три порази во три натпревар.
Под негово водство Србија играше на три големи натпреварувања, но на двата европски шампионати запиша шест порази на шест натпревари. Минатата година на Мундијалот го победи само аутсајдерот Чиле.
Србија првенството според резултатите го заврши на 21 место и тоа дефинитивно е разочарувачки пласман во споредба со амбициите.