Ако сакаш да прославиш Нова година како Новак Ѓоковиќ посети ја - Софија!
Двајцата тенисери по натпреварот се забавуваа во ноќниот клуб „The 1“, каде што специјално за нив пееше познатата бугарска пејачка Камелија. Фотографиите и видеата од вечерта брзо се проширија на социјалните мрежи, а клубот одлучи да ја искористи популарноста на настанот за промоција на својата новогодишна програма. Во објавата, клубот ги повикува посетителите да ја поминат Новата година токму таму, под слоганот: „Дали сакаш да ја прославиш Новата година како Новак Ѓоковиќ?“
Во медиумскиот извештај се наведува дека клубот „The 1“ стана омилено место за забава на големите тениски ѕвезди, истакнувајќи дека Ѓоковиќ лично уживал во изведбата на хитот „Луда по тебе“ од Камелија и дека забавата траела до зори. Организаторите ветуваат уникатна атмосфера, богата програма со танчарки и бројни изненадувања за посетителите.
И додека клубот „The 1“ привлекува гости со името на Ѓоковиќ, српскиот тенисер Новата година ќе ја дочека во Бризбејн, Австралија, каде што ќе учествува на турнир што се одржува од 29 декември до 5 јануари.