Нов пораз за Абердин: Миовски промаши пенал, па навивачите го распнаа!

Абердин не знае за триумф веќе три натпревари во шкотската лига, а денеска загуби од Хиберниан (0-2) и тоа ги налути навивачите кои му најдоа замерка и на македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

Хиберниан погоди преку Венте и Фиш за водство од 2-0, по што Миовски имаше шанса од пенал во 77. минута да го врати Абердин во игра, меѓутоа не беше прецизен.

Навивачите му се налутија поради промашениот пенал, па почнаа да го навредуваат Македонецот откако очигледно заборавија дека им е најдобар стрелец во шкотското првенство со пет гола, а има и една асистенција.

Абердин е на 10. место во домашното првенство со само 13 освоени бодови по 13 одиграни кола.