Ваква „банана“ не е видена на баскет-терените, а по неа дојде - второ понижување (ВИДЕО)

Нереална блокада е видена на натпревар на млади кошаркари, во кој се сретнаа екипите на РВЕ и тимот на Студените срца во американската „Овертајм Елит“ лига.

Декуан Дејвис се стрча за продор кон противничкиот кош, но беше блокиран од Пејтон Маршал и тоа на неверојатен начин. Потоа следуваше и дополнително понижување, бидејќи кога бекот на домаќините заврши во надворешен терен, Маршал само му ја фрли топката во аут.

Без разлика на овој потег, домашниот состав на крајот го доби овој натпревар со резултат 92-90.