Татковството му годи: Дончиќ експлодира на првиот меч откако доби ќерка (ВИДЕО)

Лука Дончиќ завчера стана татко, откако неговата свршеница Ана Марија на свет ја донесе ќерката Габриела, поради што Словенецот доби еден ден одмор, но ноќеска се врати на паркетот и одигра – маестрално.

Без разлика што неговиот Далас маверикс загуби во пресметката со Оклахома сити тандерс (120-126), долго ќе се памети играта на новопечениот родител. Дончиќ дојде до вториот трипл-дабл ефект сезонава, откако средбата ја заврши со 36 поени, 15 скока и 18 асистенции. Тоа, сепак, неше беше доволно да се спречи неуспехот на „телињата“, но делува охрабрувачки за навивачите на овој тим, кои сакаат ваква игра од нивниот најскап кошаркар буквално на секој натпревар.

Кошаркарите на Далас во последната четвртина направија неверојатна серија од 30-0, но ниту тоа не беше доволно за триумф. Џејлен Вилијамс со 23 поени и Шеј Гилџес-Александер со 17 поени беа најдобри кај „громовите“ од Оклахома. Дончиќ на оваа средба се изедначи со легендарниот Лари Бирд на деветтата позиција на најдобрите тројкаши во НБА, а стана првиот во историјата која имал повеќе од еден меч во најсилната лига на светот на кој остварил најмалку 35 поени, по 15 скока и асистенции и пет тројки.