Пелистер го совлада Вардар, Феникс со победа се враќа од Охрид

Кошаркарите на Пелистер беа подобри од Вардар со убедливи 116-71, додека вечерва победа оствари и Феникс против Охрид со 92-70.

Битолчани тргнаа фуриозно во мечот против Вардар и на полувреме создадоа предност од 59-38, по што стана јасно дека скопскиот тим тешко ќе ја врати неизвесноста.

Пелистер доминираше и во вториот дел, па во еден момент поведе со +38 (89-51), по што на крајот славеше со 116-71. Андреј Маслинко постигна 26 поени за Пелистер, додека Атанасов запиша 16 поени за Вардар.

Феникс беше подобар од Охрид со 92-0, а најефикасен во победничкиот тим беше Бојан Трајковски со 35 поени, додека на спротивната страна Брајан Бернард постигна 16 поени.