Осимен ги избриша речиси сите слики со Наполи (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на Наполи, Виктор Осимен најави тужба против својот клуб поради непримерни видеа на социјалната мрежа „Тик-Ток“ со кои му бил нарушен имиџот, а воедно реши да избрише и голем дел од фотографиите во дресот на италијанскиот шампион.

На „Тик-Ток“ најпрво беше објавено видео во кое се исмејува неговата фризура и го споредуваат со кокос, а потоа и неговиот обид да добие пенал против Болоња.

Ова го налути Осимен кој реши да избрише најголем дел од фотографиите со Наполи, а неговиот агент најави тужба против калчолигашот.