Осимен најави тужба откако Наполи го навреди на „Тик-Ток“ (ВИДЕО)

Виктор Осимен блесна минатата сезона и му го донесе првото Скудето на Наполи по пауза од 33 години, а сега стана предмет на потсмев на луѓето кои се задолжени за социјалните мрежи на тимот.

Актуелниот италијански шампион на „Тик-Ток“ објави видеа со кои му се исмева на Осимен поради барање пенал, кој го промаши во минатото коло против Болоња.

Исто така беше објавено видео во кое се исмева неговата фризура и главата на Осимен ја споредуваат со кокос, а тоа дополнително го навреди одличниот напаѓач.

На овие провокации реагираше и агентто на Осимен, Роберто Календо кој најави тужба против клубот.

„Тоа што беше објавено на социјалните мрежи е неприфатливо. Тоа што видеото е избришано во моментов не значи дека е нанесена тешка штета врз Осимен“, објави неговиот агент.