
Пелистер ангажира центар од САД, а отпушти негов сонародник – плејмејкер!
Нов член на битолчани е Американецот Ренди Брамант (24 год, 201 см), кој добро се снаоѓа на двете центарски позиции и тоа доаѓа од таборот на романски Тарфу Џиу каде што на 11 средби просечно реализирал 4,7 поени и 4,27 скока. Тој ќе биде третиот кошаркар од САД во таборот на „зелените“ за новата сезона, откако претходно пристигнаа Малком Бернард и Кристијан Банди. Истовремено, вицешампионот се раздели со плејмејкерот Ламан Норман, Џуниор кој не ги оправда очекувањата.
Пелистер летово потпиша и со Александар Костоски, Амар Хот и Лука Стојановски, а во тимот остана капитенот Андреј Маслинко.