Бундеслигашко деби од соништата за Кејн во дресот на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен можно ја почна одбраната на титулата во Бундеслигата, откако славеше убедливо на вечерашното гостување кај Вердер (4-0) на стартот од новата сезона во германската елита.

Во центарот на вниманието беше големото засилување за Баварците, Хари Кејн, кој првпат беше во стартниот состав и кој беше еден од најзаслужните за триумфот. Англичанецот по само четири минути му асистираше на Лирој Сане за првиот погодок на четата предводена од Томас Тухел, а самиот беше стрелец на вториот погодок за Баерн Минхен, а негов прв во дресот на овој клуб и тоа во 75. минута од мечот. Шампионот постигна уште два погодока во судиското продолжение и тоа преку Сане и Тел.

Останатите меча од воведната бундеслигашпка рунда се играат утре и задутре.