Хрватски третолигаш продолжува да продава фудбалери за - милиони евра!
Осумнаесетгодишниот стопер, Баје Кулибали, се пресели во редовите на американскиот МЛС клуб Шарлот за сума од два милиони евра, со дополнителни еден милион евра во бонуси и 25-отсто од следниот трансфер. Тој се истакна како дел од репрезентацијата на Мали, која го освои третото место на Светското првенство за играчи до 17 години во Индонезија. Неговите квалитети привлекоа внимание од големи европски клубови како Реал Мадрид, Арсенал и Атлетико, но Бара го доведе во Кустошија од Етоал Манд за 500.000 евра.
Станува збор за еден од највлијателните менаџери во регионот, кој ја претвори Кустошија во расадник за таленти. Неговата агенција управува со имиња како Алваро Мората, Ловро Мајер и Џонатан Иконе. Првиот голем успех на Кустошија беше трансферот на Сенегалецот Микаил Фаје во Барселона за 1,5 милиони евра, со последователен трансфер во Рен за над 10 милиони евра. Минатата зима, напаѓачот Дино Клапија премина во Лајпциг за три милиони евра, а летово 16-годишниот Нико Томашевиќ го следеше со трансфер вреден еден милион евра, со потенцијални бонуси до три милиони евра.
Кустошија моментално е седмопласирана во хрватската Трета лига, но клубот гради силен тим од младински категории, кои успешно се натпреваруваат со водечките клубови во Хрватска.