
Мурињо две децении нема примено гол во европско финале!
Жозе Мурињо досега играл пет европски финалиња, победил на сите, а голови има примено само на едно, на првото.
Тоа се случило во 2003 година кога во тогаш Купот на УЕФА, Мурињо со Порто го победи Селтик со 3-2. Хенрик Ларсон беше стрелец на двата гола за шкотскиот тим.
Ототгаш Мурињо одигра уште четири финалиња и во тие 360 минути нема примено ниту еден гол.
Во 2004 година во Лигата на шампионите со Порто го победи Монако со 3-0.
Во 2010 година ја освои Лигата на шампионите со Интер, тогаш во финалето го совлада Баерн Минхен со 2-0.
Во 2017 година со Манчестер јунајтед триумфираше во Лига Европа, тогаш тимот на Португалецот беше подобар од Ајакс со 2-0.
Минатата година со Рома триумфираше во Конференциската лига победувајќи го Феенорд во финалето со 1-0.
Пет финалиња за Мурињо, пет победи, со гол разлика 11-2.
За да ја продолжи перфектната серија, Португалецот вечерва мора да го најде лекот за Севиља кој никој претходно не го нашол, тимот од Андалузија има шест од шест во Лига Европа.