Љамчевски официјално го засили Шкупи

Поранешниот фудбалер на Вардар и на Пелистер, Благоја Љамчевски и официјално го засили чаирскиот прволигаш Шкупи, откако денеска тој во Битола го потпишал договорот со „гулабите“.

Љамчевски во хотелот „Епинал“ го потпишал договорот со кој пролетниот дел од сезоната ќе го игра во сини-белиот дрес и е последен во низата на играчи од Пелистер што заминуваат од „Тумбе Кафе“ во хаотичната состојба на битолскиот клуб, кој е на работ на егзистенцијата.

Фудбалерот в среда треба да им се приклучи на соиграчите и да ги почне подготовките за новата сезона. Инаку Љамчевски има три титули со Вардар, а два макеоднски ку-трофеи со Македонија ЃП и Металург.

Од друга страна, Амир Билали, кој неодамна ја прекина соработката со Работнички би можел да биде засилување за одбраната, откако чаирчани го загубија стоперот Седад Бериша, кој си замина од Чаир.