Баерн Минхен повторно ќе купува од конкурент во Бундеслигата

Веќе стана традиција Баерн Минхен да ги купува фудбалерите кои ќе блеснат во останатите германски клубови, Баварците имаат пикирано нов таков играч.

Се работи за офанзивниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам кој настапува и за француската репрезентација.
 
Турам кој игра одлично во дресот на Борусија Менхенгладбах, следното лето ќе биде слободен фудбалер, а тоа го прави атрактивен за останатите.
 
Според „Л'Екип“, Баерн Минхен е силно заинтересиран за Турам, но тој е на радарот и на други екипи, Интер и Астон Вила се споменуваат исто така како негови можни идни дестинации.