
Богдановиќ: Одиграв најглупаво во кариерата – ја изгубив главата!
Капитенот Богдан Богдановиќ постигна најмногу поени со 18, но имаше очаен шут за три поени (1/13).
„Ја одиграв најглупавата партија во кариерата и шутирав премногу за три поени, а требаше повеќе да го напаѓам противничкиот кош. Што да правам, ја изгубив главата и го искористија тоа. Се вратија по нашите 16 разлика, малку паднавме и тие го искористија тоа и нѐ добија на искуство“, изјави Богдановиќ.
Капитенот на српската репрезентација, сепак, не ја загуби вербата во својата селекција.
„Уште не сме испаднати, а сега не знам што ќе се случува, со која разлика треба да победиме за да бидеме први и да продолжиме понатаму. Како и да е, ќе се бориме до крај“, изјави Богдановиќ. .
Србите последниот меч од групната фаза ќе го одиграат задутре против Доминиканска република.