ТФТ загуби од Шибенка и заврши на последното место во АБА2-лигата

Македонскиот кошаркарски тим ТФТ загуби од Шибенка со 76-89 и заврши на последното место во АБА2-лигата.

Шибенка имаше контрола врз мечот од самиот почеток и на полувремето замина со предност од 43-37.

ТФТ во вториот дел се обиде да го скрши ривалот, но Шибенка не му дозволи на македонскиот претставник во натпреварувањето да направи изненадување.

Луис и Калхун постигнаа по 15 поени за ТФТ, додека Лукиќ со 20 поени беше најдобар кај Шибенка.