Хенес најави нов тренер на Баерн: За една недела ќе донесеме одлука!

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес кажа дека клубот за една недела ќе донесе одлука кој ќе го наследи Томас Тухел на тренерското столче.

Баерн во февруари соопшти дека ќе се раздели со Тухел на крајот на сезоната, откако бундеслигашот не се прослави со резултатите во германското првенство.

„Ќе донесеме одлука за една недела“, кажа Хенес во разговор со германските медуми.

Бундеслигашот во моментов води преговори со Ралф Рангник, но постојат уште неколку кандидати на списокот на Баерн.