
Работнички две децении нема европска победа, сега брка три по ред во – четири дена!
Претходниот евро-настап на центарци беше во 2017 година во квалификациите за истото ова натпреварување, кога двапати убедливо беа поразени од рускиот тим Парма (73-95, 63-88), што тогаш беше враќање во елитата по сезоната 2004/2005, до која црвено-белите речиси секоја година играа во натпреварувањата на ФИБА. Работнички нема европска победа речиси две децении, со оглед што последната ја остварија во декември 2004 година со триумф на домашен терен против ЦСКА Софија (82-81).
Сега, пак, им требаа три триумфи по ред во четири дена со оглед што тимот предводен од Димитар Мираковски влегува со амбиции да победи на турнирот, место кое единствено обезбедува пласман во групната фаза. Конкуренти им се уште тимовите на Донер (Холандија) и Сабах (Азербејџан), кои неколку часа претходно (17.30 часот) ќе го отворат овој настан во Скопје.
Во квалификациите за ФИБА Еврокупот ќе настапи и Феникс, за кого ова ќе биде деби на европска сцена, кој ќе биде дел од турнирот на Кипар. Скопјани утре ќе го одиграа историскиот прв европски меч против домашниот Керавнос, а дел од оваа група е уште германски Рошток.