Поранешен кошаркар на Цибона се бори за живот во – хипербарична комора (ФОТО)

Поранешниот американски кошаркар Кори Вилијамс (46 години), кој во кариерата меѓу другите настапуваше и за Цибона, се бори за живот откако му беше откриен има рак во четврта фаза.

Тој и покрај тоа верува дека може да се спаси и да ја победи злобната болест, најмногу поради редовните третмани во хипербарична комора. Вилијамс е роден во Њујорк, а во дресот на загрепскиот клуб го доби прекарот „Убиец“, поради својот фантастично прецизен шут. Во текот на една ипол деценија долгата кариера, Кори започна од Дакота Визардс, беше во Бруклин Кингс, Њу Џерси Флаерс, но и во Шоле, Сиукс Фолс, Мелбурн Тајгерс, Пиратс, Мутахед од Триполи, за да ја заврши кариерата во Либан.

Тој една од најдобрите сезони ја одигра во Австралија кога беше избран за најкорисен играч (МВП) на лигата во 2010 година.