
Моќни гевгеличани: Блокотехна го прегази освојувачот на Купот на Албанија!
Гевгеличани тргнаа фуриозно од самиот старт на натпреварот, па по првата четвртина имаа водство од 21-14, додека на полувреме заминаа со предност од 48-24.
Во вториот дел, Блокотехна продолжи да ја диктира играта, па постојано ја зголемуваше предноста (71-43), а на крајот триумфираше тимот од Гевгелија со 90-62.
Најефикасен во редовите на Блокотехна беше Брендон Пен со 24 постигнати поени, а Данило Мијатовиќ постигна 18 поени.
Во моментов Блокотехна е на четвртата позиција во БИБЛ-лигата со 14 освоени бодови од осум одиграни натпревари.