Крај на богатата кариера: Бјелица се повлече од кошарката!

Поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Немања Бјелица денеска ја заврши кариерата, а тоа го потврди преку социјалните мрежи.

Бјелица најпрво објави кратка порака на Инстаграм, а потоа и соопштение во кое се потсети на најубавите моменти во кариерата.

Србинот во кариерата играше за Црвена Звезда, Басконија, Фенербахче, Минесота, Сакраменто, Мајами и Голден Стејт.

Бјелица со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на Европското првенство во 2009 година, како и сребрен медал на Светското првенство во 2014 година.