Емотивна средба на Драгиќ и мајката на Дражен Петровиќ во живо на телевизија (ВИДЕО)

По завршувањето на Евробаскетот, мајката на Дражен Петровиќ му подари дрес од нејзиниот син на Горан Драгиќ, херојот на Словенците на патот до европското злато. Овој пат ѕвездата на Мајами ја врати услугата и лично и го предаде неговиот дрес на Бисерка Петровиќ. 

Двајцата имаа емотивна средба во живо на телевизија, а Драгиќ и го подари дресот од финалето, а госпоѓата Петровиќ вети дека ќе го закачи веднаш до дресовите на Мајкл Џордан и Стеф Кари, кои исто така и испратиле дресови.